Синер го совлада Руне и го однесе Ѓоковиќ во полуфиналето во Торино

1086

Италијанскиот тенисер Јан Синер го совлада Холгер Руне со 2-1 (6-2, 5-7, 6-4) и се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Торино. Победата на Синер значеше и пласман на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на овој турнир.
На Србинот му требаше само победа на Синер, а тоа и се случи.
Полуфиналето се игра во сабота, а Новак ќе го почека својот ривал.
А ривалот ќе биде познат по разврската во втората група.

ПретходноСловачка трет пат по ред ќе игра на ЕП, БиХ се посрамоти во Луксембург
СледноУругвај ја победи Аргентина: Меси дивееше на теренот! (ВИДЕО)