По повеќе од шест години, селекторот на Италија Лучијано Спалети и фудбалската икона на Рома, Франческо Тоти, денеска повторно ќе си подадат рака. Италијанските весници се преплавени со најави за повторната средба на некогашниот тренер и фудбалер на „волчицата“ кои долго време се во лоши меѓусебни односи.
Денеска италијанската репрезентација на доаѓање од Фиренца каде се подготвува за мечот со Македонија ќе замине во детската болница во Рим во хуманитарна акција, на која треба да се појави и Франческо Тоти. На средбата за собирање средства, донација на медицински инструменти, пакети со подароци за децата од болницата, Тоти ќе дојде во друштво на шефот на италијанската репрезентација и негов поранешен соиграч во репрезентацијата, Буфон, кој веројатно ќе ја одигра и улогата на медијатор меѓу Тоти и Спалети.