Дисциплинската комисија на УЕФА отвори истрага за инцидентите за време на европскиот квалификациски натпревар меѓу Косово и Израел, кој се одигра на стадионот „Фадиљ Вокри“ во Приштина.
Причина за постапката против Косовската федерација беше исвиркувањето на химната на Израел пред почетокот на натпреварот. Голема е веројатноста косовската фудбалска централа да биде казнета, пишуваат медиумите во земјата.