Во четвртиот меч во квалификациите за ЕВРО 2025 во групата – Ц, нашата селекција до 21 година денеска на на теренот на ФФМ во Скопје, го претрпе третиот пораз, и тоа од Грузија со 0:1. Стрелец беше Маматсашвили во 54.минута.
Нема што, порази се редат.
А Македонија денеска одигра лошо, навистина лошо, да не кажеме катастрофално. Гостите од Грузија беа подобри, имаа повеќе шанси и заслужено победи.
Со овој пораз и дефинитивно Македонија ги загуби сите шанси за висок пласман во групата.
Во првиот дел речиси и да не видовме ништо на теренот. Најголемата драма се одигра во 38.минута кога настана една мешаница пред корнер знаменцето нашата половина. За среќа не се изроди во поголем инцидент. Кога Калкан сакаше да подели “правда“, иако оправдано по стартот на еден гостински ирач врз Максимов.
Гостите имаа една полушанса во 20.минута, а Македонија преку Илиевски можеше да поведе со 1:0, тој од изгледна ситуација шутирше во рацете на грузискиот голман. Сепак и да имало гол истиот ќе беше поништен зошто судијата покажа дека имало фаул пред Илиевски да шутира.
Слабо прво полувреме на нашите момци.
А второто започна катастрофално. Уште во првите секунди кикс на нашите момци па Алчевски мораше да спасува. Неколку минути подоцна уште една шанса за Грузија, но затоа во 54.минута гол и заслужено водство на гостите од 0:1 кога Маматсашвили од околу 18 метри на прекрасен начин го погоди левиот агол на голманот Алчевски.
Лоша, и тоа како лоша игра на Македонија, посебно одбраната беше далеку под своето ниво. Грузија и по водството имаше супер шанси за 0:2 или 0:3.
Во 87.минута ја имавме најубавата шанса кога дојде до мешаница пред гостинскиот гол кога Илиевски шутираше. Нашите момци реагираа, бараа пенал, но не добија.
На крај, во таа 90+10.минута повторно нов мал инцидент, непотребно. Исходот беше два црвени картони, еден за Илиевски кај нас и еден за гостински играч. Непотребно.
Селекторот Драган Канатларовски за овој меч сметаше на:
Алчевски, Фетаи, Рамадани, Деспотовски, Крстевски (45.Поповски), Рамани (70. Ангелов), Станковски (82. Тодоровски), Максимов, Калкан (70. Абази), Николов (82. Златков), Илиевски.