Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ денеска објави дека Алесандро Флоренци од Милан е уште еден во листата фудбалери кои се дел од скандалот со спортско обложување. Флоренци се нашол меѓу оние кои се под истрага за случајот, а од неговиот клуб велат дека веста ја дознале од агенциите и дека не се запознаени со вмешаноста на играчот во скандалот.
Инспекторите откриле десетици тајни локации на уплати на фудбалски натпревари вредни милиони евра. Обвинителството во Торино сакаат да дознаат кој управува со спорните локации за обложување, во чии рамки влегуваат и некои фудбалери.
Флоренци може да биде сослушан од Обвинителството во следните неколку дена.