За многумина фудбалот е живот, го сфаќаат многу сериозно, особено навивачите на клубовите ширум светот. Италија е една од земјите каде фудбалот се обожава, а фановите често оставаат разни пораки до играчите и управата на клубот по лошите резултати.
Во моментов тоа е случај со Специја. Овој тим испадна во Серија Б оваа календарска година, планот беше да се врати во Серија А, но не оди според планот.
Специја моментално е 18-та на табелата во Серија Б со страв од испаѓање, а навивачите почнаа да се закануваат.
Масимилијано Алвини, доби отказ на тренерската позиција.
Што направија навивачите?
По 2-2 против Тернана, болидот на Даниеле Верде беше обоен, неговата сопруга пријави малтретирање на социјалните мрежи, а целата приказна го достигна својот врв кога свинска глава со транспарент ја чекаше екипата надвор од тренингот центар: „Времето истече!“