Играчот од средниот ред на Виљареал и шпанскиот национален тим, Жереми Пино ќе отсуствува од фудбалските терени долго време. Шпанецот се повредил на тренинг во средата, поточно скинал лигаменти поради што е потребна операција и долга пауза.
Играчот дефинитивно нема да се врати на клупските обврски оваа сезона, а ќе го пропушти и Европското фудбалско првенство идната година.
Тој би се вратил дури на почетокот на идната сезона. Инаку Пино оваа сезона за „жолтата подморница“ одигра 10 натпревари, а во 12 меча за Шпанија има два гола.