Ѓоковиќ загуби сет против Хуркач, па вечерва ќе навива за Синер

664

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ брзо се издигна после поразот од Јаник Синер. Тој славеше против Хуберт Хуркач со 2-1 по сетови (7-6, 4-6 и 6-1) во меч кој траеше два часа и пет минути.

Српскиот тенисер поради загубениот сет, вечерва ќе мора да навива за Синер против Руне за да се најде во полуфиналето.

Првиот сет беше некако вообичаен кога станува збор за овие двајца тенисери, навикнати сме да го гледаме решавачкиот гем после 12 одиграни. Подобар беше Ѓоковиќ за 1-0. Веќе во следниот Хуркач успеа да израмни на 1-1, по што следеше целосна доминација на српскиот тенисер за победа од 2-1.

ПретходноМЗТ Скопје го расплака Драган Николиќ во Златибор
СледноАтанасов: Бевме перфектни во сите 40. минути!