МЗТ Скопје ја запиша втората победа во АБА2-лига, откако ја совлада Сутјеска со убедливи 64-93. За разлика од мечот против Хелиос, во кој актуелниот македонски првак имаше 15 коша разлика, но на крајот загуби, овој пат кошаркарите на МЗТ Скопје ја сочуваа високата предност и заслужено славеа.
Младиот тренер, Васко Атанасов, повторно беше краток во изјавата по мечот, но беше задоволен од прикажаното на теренот.
„Она што ги немавме против Хелиос, сега го имамве. Одигравме перфектни 40 минути, дојдовме до важна победа и против тимот на Сутјеска која има состав за прво место“, рече Атанасов.
МЗТ Скопје турнирот во Златибор ќе го заврши за два дена, за противник го има тимот на Борац.