Капитените се оптимисти: „Од никого не се плашиме…“

219

„СпортСпорт“ во Рим, Игор Ивановски

Енис Барди и Елиф Елмас се појавија на прес конференцијата во пресрет на утрешнио дуел со Италија кој се игра на „Олимпико“ во Рим сопочеток од 20:45 часот во рамките од квалификациите за пласман на ЕП 2024.
Капитенот Енис Барди напомена:
Натпреварите од Палермо и Скопје се историја и поттик за сите нас иако овој меч утре е сосема нешто ново, нов натпревар, нов предизвик… Не треба да кажам дека сме мотивирани, со самото тоа што сме тука е мотивот кај сите нас. Италија мора да победи но и ние мора да дадеме максимум и да докажеме дека имаме квалитет и дека за во иднина ваквите натпревари треба да бидат патоказ дека сме на вистинскиот пат.
Ќе играме за да бидеме горди сите, ние како фудбалери, нашите фамилии и целата наша држава
“.

Елиф Елмас како фудбалер на Наполи е најпознатиот наш фудбалер тука во Италија. „Очекувам добар натпревар, силен ривал… Да покажеме тоа што и досега сме го играле со Италија. Од никого не стравуваме, одиме по нов добар резултат. Многу битен меч за Италија но тоа е нивни проблем, ние си гледаме за себе и не ми е гајле каков притисок има Италија. Ние ќе пробаме да победиме!

Добро го знам селекторот на Италија, тој игра висок пресинг и тоа што го правеше со нас во Наполи ќе го прави и со репрезентацијата. Но ние сме тука да ги изненадиме“, изјави Елмас.

ПретходноХаос во Италија: Свинска глава пред тренинг центарот со порака – времето истече!
СледноМилевски: Имаме императив, Италија е во топ 3 во светот!