Лекарите, сепак, препорачаа пауза: Трајковски не ќе може да истрча против Италија!

343

„СпортСпорт“ во Рим,  ИГОР Д. ИВАНОВСКИ

И покрај тоа што резултатите од магнетната резонанца покажаа дека ќе може да биде дел од репрезентацијата на Македонија за дуелите со Италија и Англија, сепак, последните лекарски контроли направени утринава, не дозволија селекторот Благоја Милевски да смета на голгетерот Александар Трајковски за мечевите утре и в понеделник.

Последните информации од нашиот лекарски тим велат дека Трајковски има скинато мускулно влакно, поради што е најдобро да не се изложува на непотребни оптоварувања и ќе мора да направи пауза од фудбалските терени од две до три недели. Тоа значи дека ние остануваме без голгетерот кој стана специјалист за „аѕурите“ на утрешниот дуел на „Олимпико“.

Сите останати фудбалери се во добра кондиција и попладнево ќе го одржат официјалниот тренинг на најголемиот стадион во италијанската престолнина.

Претходно„Фалангата“ утре се собира и во Рим во македонска фан-зона
СледноФудбалер на Милан под истрага за вмешаност во скандалот со обложување