Надежите против Грузија ќе го дадат максимумот, целта е победа!

209

 

Денеска во 13 часот на тренинг центарот на ФФМ “Петар Милошевски“ во Скопје, во меч од квалифациската група – Ц, за пласман на ЕП, младата селекција на У-21 Македонија ја пречекува  Грузија. Силен ривал, кој сепак мора да се победи, се разбира ако се сака на крајот од квалификациите да се најдеме на некое  повисоко место на табелата.

Јасно е дека по оној неочекува пораз од Молдавија на гости минатиот месец, плановите и амбициите како да се променија. Ако избраниците на селекторот Драган Канатларовски стартуваа одлично и тоа со победа на гости кај Шведска, двата порази, прво од Холандија дома и посебно оној со Молдавија, како да ги спласнаа очекувањата и желбите.

Па така денеска против Грузија прво мора да се одигра квалитетно, а потоа секако да се дојде и до добар резултат, а тоа е победа.

Во нашиот табор и покрај се атмосферата е добра. Има желба, има мотиви кај нашите надежи, тие уверуваат дека се подготвени да го дадат својот максимум и да одиграат како што треба. Без разлика кој ќе настапи, кој ќе добие доверба од селекторот сите од ред се силно мотвирани да покажат дека тоа што се случи во Молдавија било само лош ден.

Инаку на Грузијците ова ќе им биде петти натпревар во нашата група. Тие имаат две победи и по едно реми и пораз и со 7 бодови се на делба на второто место на табелата заедно со Шведска, додека ние по три меча имаме само три бода.

ПретходноРеал и Барселона во трансфер војна: Кој ќе го добие Нико Вилијамс?
СледноТрет пораз на шампионот, ново славје за струмичките екипи