НБА го казни кошаркарот на Голден Стејт, Дрејмонд Грин, поради неспортско и насилничко однесување на натпреварот со Минесота кога го нападна Руди Гобер.
Грин ќе ги пропушти следните пет натпревари, објави НБА. Покрај Грин, за физички конфликт се казнети и уште тројца играчи, иако само финансиски, а тоа се Клеј Томпсон, Џејден МекДаниелс и Руди Гобер.
Сите тројца ќе треба да платат по 25.000 долари во натпреварувачкиот фонд. Инаку, конфликтот започна со пресметка на Џејден МекДаниелс и Клеј Томпсон, потоа интервенираше Гобер кој почна да ги раздвојува, за Грин да го фати за врат и да ја доведе целата ситуација до вриење.
Неговата интервенција беше сосема непотребна. Грин ќе загуби и сума од 769.970 долари како казна за инцидентот. Ова е петта суспензија за Грин во кариерата.
Draymond Green ain’t forgave Rudy Gobert For Starting Covid 😂 pic.twitter.com/szT77MH6CA
— CARLOS HAHA DAVIS (@HaHaDavis) November 15, 2023