Завршија првите пет натпревари од денешните квалификации за пласман на ЕП 2024 (9 коло).
Големо изненадување се случи во Баку каде Азербејџан со 3:0 славеше над Шведска. Махмудов постигна два гола, а еден Дадашов. Посебно беше убав вториот гол на Махмудов во финишот на мечот затоа што погоди речиси од половина терен, нешто слично како Димарко пред неколку денови во италијанската Серија А.
Big surprise! Azerbaijan 3-0 Sweden
Emin Makhmudov scored a great goal from midfield. Shout out to DiMarco!pic.twitter.com/LOfoigFmxd
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 16, 2023
Интересно, Азербејџан од 57 минута играше со фудбалер помалку, но и тоа не ги поттикна Швеѓаните да извлечат добар резултат на ова гостување. Швеѓаните ги загубија шансите за ЕП исто како и Азербејџан. И двете селекции имаат по седум бода на третата односно четвртата позиција. Од оваа група патници на ЕП се Австрија и Белгија.
А Унгарија со денешното реми со Бугарија 2:2 избори пласман на ЕП 2024. Бугарите водеа со 2:1 се до последните секунди, а потоа со автогол на Петков Унгарците изедначија и се пласираа на евро-шампионатот.
На другите мечеви Шпанија славеше на гости кај Кипар со 3:1, Австрија ја совлада Естонија со 2:0 исто така во гости, а Грузија и Шкотска одиграа 2:2.
Dominik Szoboszlai’s free kick headed into his own goal by a Bulgarian player!
They’ve done it!!
Hungary are going to the Euros!!!!
Bulgaria 2-2 Hungary.
— FootyTone (@FootyTone) November 16, 2023