Шампионот Струмица без посебни потешкотии ја запиша и петтата победа од почетокот на сезоната во домашното првенство. Струмичани во градското дерби имаа полесен тренинг против „фенерџијата“ тимот на Македонија Џио.
Лесни и убедливи победи во три сета обезбедија и екипите на Работнички 71&22, Штип УДГ и Универзитет во Тетово. Малку повеќе возбудувања видовме на дуелот во Скопје меѓу Јанта Волеј и Шкендија каде гостите славеа со 3:1.
Денеска на програмата е дерби дуелот во тековното коло меѓу Лирија и Весна Пробиштип.
Прва лига (мажи) – 5.коло
Вардар – Работнички 71&22 0:3 (9:25, 12:25, 8:25)
Струмица – Македонија Џио 3:0 (25:10, 25:18, 25:16)
Јанта волеј – Шкендија 1:3 (20:25, 25:22, 19:25, 13:25)
Универзитет во Тетово – ГОК Борец 3:0 (25:19, 25:22, 25:19)
Сушево – Штип УГД 0:3 (12:25, 18:25, 20:25)
Лирија – Весна Пробиштип (денеска, 19.30)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (15); 2. Универзитет во Тетово (12); 3. Штип УДГ (12); 4. Лирија (9); 5. Шкендија (9); 6. Работнички 71&22 (9); 7. Борец (6); 8. Весна Пробиштип (5); 9. Сушево (4); 10. Вардар (3); 11. Јанта Волеј (3); 12. Македонија Џио (0).