На селекцијата на Албанија попладнево на гостувањето кај Молдавија и официјално и беше доволен само бод за да го завери своето учество на ЕВРО 2024 во Германија. Албанците одиграа 1:1, освоија бод па така сега се и официјално најмалку втори во групата – Е. Имаат 14 бода и сега се први, но и меч помалку од Чешка која има 11 бодови, но трета е селекцијата на Молдавија со 10 бода со загубени шанси на коло до крајот.
Голот за Албанија го постигна Цикалеши за 0:1 во 25.минута од пенал, а домашните израмнија во 87.минута преку Бабогло.
Вио групата -Х, Казахстан славеше дома со 3:1 против Сан Марино, додека Финска со 4:0 ја победи С. Ирска. Во оваа група на првите две места се Словенија и Данска со по 19 бодови, Казахстан е трет со 18 но оваа селекција има и меч повеќе.
Sokol Cikalleshi converts from the penalty spot to put us ahead!🎯
🇦🇱 Albania 1 – 0 Moldova 🇲🇩 #MOLALB 🇲🇩🇦🇱 | #EURO2024
pic.twitter.com/UVoG3Wu0jd— Albanian Football 🇦🇱 (@albanianfooty_) November 17, 2023