Каква бламажа во Лас Вегас: Ферарито на Саинц е оштетено од шахта на патеката! (ВИДЕО)

529

Требаше да биде мега – спектакл, а може да се случи да биде големо фијаско. Долго најавуваниот викенд во Формула 1 на патеката во Лас Вегас започна неславно.

Во Ферари се гневни, едноставно полудеа по тоа што им се случи со болидот на Карлос Саинц. Имено при првиот тренинг болидот е оштетен и тоа од една шахта на патеката.

Навистина ова е невидена бламажа за организаторот.

Болидот е во целост оштетен, моторот, батеријата. Тоа не неприфатливо, тоа ќе не чини богатство. Нема да учествуваме на вториот тренинг, тоа е сигурно“ велат од Ферари.

ФОТО: F1 twitter

ПретходноХерој на денот: Кралот може само да му се заблагодари, Јаник Синер покажа дека е спортски великан!
СледноНестор со порака до Италија: Вечерва ќе се соочите со цврста и компактна Македонија!