Муслиу: Прекините ни се слаба точка, нешто мора да се промени

1346

Македонија во овој дел од квалификациите веќе прими 19 гола, што е само гол помалку од оние 20 кои ги примија Малтежаните, но тие веќе ги завршија квалификациите. Столбот во нашата одбрана, Висар Муслиу, признава дека недозволиви се грешки како оние кои ги направивме денеска во Рим.

„Факт е дека овие квалификации примаме премногу голови. Тоа е очигледно. Од пет гола, четири да примиш од прекини, не е прифатливо за ова ниво. Кога знаеш со каков противник играш, не е дозволиво. Мора да направиме анализа и да видиме каде грешиме. Очигледно беше дека на овој натпревар од прекини имавме голем проблем. Од игра не примаме многу голови, но прекините излегоа дека ни се слаба точка. Мора да се освестиме брзо, знаејќи која репрезентација ни доаѓа на следниот меч“, вели дефанзивецот Висар Муслиу.

ПретходноАтанасов: Среќен сум за головите, но не можам да бидам задоволен од резултатот
СледноИзраелец настапи за Палестина, сега го чека пекол!