Учеше од Пандев, а сега е опасност за Македонија!

2208

СпортСпорт во Рим
Игор Д. Ивановски

Џанлука Скамака е човекот кој може и се очекува да и донесе многу главоболки вечерва на „Олимпико“ на нашиот национален тим а посебно на дефанзивците на чело со голманот Столе Димитриевски. Тој е римјанин, дете на рим кој сега е во топ форма и го носи дресот на Аталанта. Летово Скамака се врати во Италија по кратката мисија во екипата на Вест Хем од Лондон.

Џанлука Скамака е ученик на Горан Пандев и дете на Лацио кој своите фудбалски почетоци ги имаше во римскиот клуб кога нашиот фудбалер беше главна ѕвезда во клубот од Олимпико. „Лошото дете“ од Рим нема нсстаи за клубовите од овој град иако мина во младинските екипи и на Лацио и на Рома.

Сепак, во 2020 година тој стана клупски играч на Горан Пандев и заедно играа во тандем за Џенова. Младиот Скамака токму покрај Пандев блесна во таа сеозна по што следеше трансфер во Сасуоло и Вест Хем. Ете го сега и во репрезентацијата на Италија за дуелот со нашиот национален тим.

Медиумите во Италија не му даваат шанси на Скамака во стартните единаесет, иако се очекува тој да биде изненадувањето и џокерот на Спалети.

Киеза, Берарди и Распадори се најавени како стартери во нападот на „аѕурите“.

ПретходноБелингем е „Златното момче“ за 2023 година
СледноАДСПД: Националната арена подготвена за мечот со Англија