Јаник Синер е херој на денот, на вчерашниот ден секако. Имено иако не му беше потребно, тој го победи Холгер Руне и со тоа го “однесе“ Кралот, го “однесе“ Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на завршниот мастерс во Торино.
Секој калкулант, посебно од Балканот ќе се запраша…па добро што ли му требаше? Место да го пушти Руне да победи и да го “елиминира“ со тоа најголемиот фаворит за пехарот, Синер покажа дека е спортски великан.
Одигра одлично, дури во три сета и успеа да го совлада Данецот, за себе, за тоа дека никогаш претходно не го победил и не одигра калкулантски.
Со тоа тој му овозможи на Новак да се најде во полуфиналето, а којзнае повторно и во финалето тие двајца да одиграат меѓу себе во битката за пехарот. Да потсетиме дека во 2.коло во групата Синер го совлада Новак.
Оваа победа на Синер над Руне беше шок само за калкулантите, додека сите оние кои веруваат сеуште во фер-плејот и спортот воопшто не се.
А Синер играше за себе…
Сега само се прашуваме дали Новак ќе го направеше истото како и Синер, да беше на негово место? Да победи и да се измачи во три сета во, за него, сосема непотребен натпревар.