Напаѓачот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Англија, Џуд Белингем е добитник на наградата „Голден бој“ (Златно момче) која традиционално ја доделува италијанскиот спортски весник „Тутоспорт“.
Белингем освои најмногу гласови, а имаше силна конкуренција. За таа награда конкурираа Џамал Мусиала (Баерн), Чави Симонс (РБ Лајпциг), Антонио Силва (Бенфика), Алекс Балде (Барселона), Флоријан Вирц (Баер), Бенџамин Шешко (РБ Лајпциг), Џорџо Скалвини (Аталанта), Расмус Хојлунд (Манчестер Јунајтед)…
Белингем освоил неверојатни 97% од гласовите на новинарите кои учествуваа во анкетата (исто колку и Мбапе во 2017 година). Англичанецот ќе ја прими наградата на 4 декември. Инаку Џуд е првиот фудбалер на Реал со оваа награда.