Голден Стејт без Кари и Грин немоќен против Оклахома!

51

Не е тајна дека Голден Стејт без Стеф Кари и Дрејмонд Грин едноставно не е иста екипа. Првиот поради повреда, а вториот поради супензија не беа во тимот и токму затоа Голден Стејт беше поразен од Оклахома со 128:109.

Гостите го искористија фактот дека против себе имаат еден ослабен домаќин и одиграа навистина добро. Уште на стартот покажаа дека имаат намера да победат и тоа на крајот го остварија.

Во вториот меч ноќеска во НБА, Мајами успеа да го добие Бруклин со 122:115. Ова беше осми триумф на „жешките“ во нивниот 12-ти меч сезонава, додека Бруклин има скор од шест победи и исто толку порази.

Батлер со 36 поени беше најефикасен кај Мајами, но и севкупно на натпреварот.

ПретходноИталија – Македонија: Торино, Палермо…нека биде така и вечерва во Рим! (ВИДЕО)
СледноВинициус: Не знам колку ќе паузирам, допрва ќе правиме тестови! (ВИДЕО)