Го одбраа „Олимпико“ за да нѐ стават во пекол, но солзи ронат уште од Палермо!

274

СпортСпорт во Рим
Игор Д. Ивановски

Во Торино при оние 1:1 со Македонија им дојдоа 22.000 гледачи од каде си заминавме со бод, лани собраа 32.000 во Палермо каде во солзи Италија го дочека поразот и елиминацијата од нашиот национален тим. За сите тие болки, ниски удари и неуспеси со нас сите во Италија се надеваат на денешна одмазда, плаќање на долговите…

Вечерва се надеваат на преполн „Олимпико“ кој е со капацитет од 70.000 гледачи. Го одбраа најголемиот стадион, вечниот град… за да „римското царство“ ја добие новата војна со Македонија. И низ историјатас си губеле низ тие војни но ете и сега на фудбалските терени Македонија е кошмарот за „аѕурите“.

Вечерва е новата бајка за нашите фудбалери. Можеби не играме за ништо, точно е тоа дека бодобите и требаат ако лек на Италија но ние ја имаме гордоста која не не напушта. Фуидбалерите со денови најавуваат дека ќе изгинат на терен, дека сакаат нова сензација и нова историја.

„Сите патишта водат кон Рим“, тоа важи за нас Македонците кои се тука но и погледите на нацијата ќе бидат вечерва вперени на дуелот кој го игра нашиот национален тим со големиот фаворит.

На „Олимпико“ ни поготвуваат пекол, сакаат да победат, да ни се одмаздат но сите добро знаеме дека целата јавност фудбалска и спортска во оваа земја од март 2022 година се буди во солзи. Солзи за неуспехот и неиграњетпо на СП а еве сега европскиот првак се „тресе“ и од помислата дека може да ги сопреме и до пласманот на ЕП. Веќе ги „патосиравме“ во Скопје (1:1) во овој септември кога Енис Барди со „бомбата“ од 25 метри пак ги бутрна на колена големите „аѕури“.

А „фалангата“ се собира во вечниот град, градот во кој се коските на последниот македонски крал Персеј, коските на Кирил… „Фалангата“ на „Олимпико“ каде во почетокот на овој век во дресот на Лацио блескаше нашиот најдобар фудбалер на сите времиња – Горан Пандев.

За вечно да се памети натпреварот во Рим, вечерва фудбалерите треба да одиграат со срце, за себе, за нацијата за државата…
Македонците знаат и знаеле да победуваат вакви битки!

ПретходноИ Милан го откачи Јовиќ, Србинот ќе прави трансфер во Русија
СледноГРК Охрид и Андоновски спогодбено раскинаа