Данска обезбеди место на ЕП 2024, Словенија и Чешка ќе почекаат до понеделник (ВИДЕО)

153

Фудбалерите на Данска се пласираа на Европското првенство во Германија, откако во Копенхаген ја победија Словенија со 2:1 и го обезбедија првото место во групата. Словенија својот меч на вистината ќе го има в понеделник против Казахстан во Љубљана, кога овие две селекции во директен дуел ќе се борат за втората позиција и пласман во Германија. На Словенија ќе и биде доволно и реми.

Во групата Е, Полска и Чешка одиграа нерешено 1:1 во Варшава. Домашните поведоа преку Пјотровски во 38. минута, а израмнија Чесите со голот на Соучек во 49. минута. Полјаците одиграа очајни квалификации и ќе мора да бараат пласман на ЕУРО во март преку баражот од Лигата на нации, Албанија е веќе на ЕП, а Чешка и Молдавија во понеделник во директен дуел ќе одлучат кој оди во Германија. Чесите ќе бидат домаќини и ќе им биде доволен еден бод.

ПретходноИталија ПУКНА „петарда“ на Олимпико! Понижена Македонија! (ВИДЕО)
СледноНишто не е како што треба, одиме назад наместо напред!