Луис Диаз конечно може да биде среќен. Неговиот татко пред неколку дена е слободенн, а тој синоќа со два гола и донесе победа на својата Колумбија над Бразил од 2:1. Секако дека и неговиот татко беше на трибините и го славеше триумфот на својот син, ѕвездата на Ливерпул и Колумбија.
За Бразил што да се каже? Далеку е оваа селекција од она што треба да биде. Иако поведе со 0:1, но потоа Диаз стапи на сцена и со двата гола во 75. и 79.минута донесе преврт.
Треба да се каже дека во Реал Мадрид се во нов шок. Се повреди Винициус и се шпекулира дека ќе биде во аут барем до крајот на оваа година.
Покрај Белингем и Камавинга, на “кралевите“ им се повредии и трета мега – ѕвезда.