Италија – Македонија: Торино, Палермо…нека биде така и вечерва во Рим! (ВИДЕО)

848

СпортСпорт во Рим, Игор Ивановски

Вечерва Македонија по третпат во својата историја ќе и гостува на Италија, на повеќекратниот светски првак и актуелен европски шампион. Една од најтрофејните селекции во историјата на фудбалот, и таква селекција нема дерман од Македонија. Досега двапати сме ја шокирале, во Торино (1:1) и во Палермо (0:1).

Штета, стрелецот на двата гола Александар Трајковски поради повреда нема да игра вечерва на “Олимпико“, но имаме ние тука момци за нова сензација.

Италија е во паника кога треба да игра со Македонија. Пред два месеци во Скопје одигравме 1:1, Барди беше стрелец на супер – гол, но Италија има и победа во Скопје со 2:3 во 2016 година.

Вкупниот скор е по една победа, две ремија и еден пораз, со гол разлика 5:5.

Време е за нова мега – сензација.

Напред Македонија!

 

ПретходноДиаз својот гнев го искали врз Бразил, шок за Реал…Винициус се повреди! (ФОТО)
СледноГолден Стејт без Кари и Грин немоќен против Оклахома!