Италија ПУКНА „петарда“ на Олимпико! Понижена Македонија! (ВИДЕО)

403

СпортСпорт во Рим, Игор Д. Ивановски

Италија со 5:2 вечерва на “Олимпико“ во Рима ја победи Македонија, Ова беше прв наш пораз од „аѕурите“ во третото гостување, се чини дека ни “сервираа“ слатка одмазда.

Италија пукна “петарда“! Македонија е понижена.

Лошо прво, катастрофално прво полувреме, во кое губевме со 3:0, а Столе одбрани пенал. Се насетуваше брука.

Сепак во второто полувреме со двата гола на Јани Атансов, намаливме на 3:2, Италија се “тресеше“ во тие моменти, но сепак Распадори стави точка за сите наши надежи за нова сензација против Италија на нејзин терен. А потоа Ел Шарави само ја запечати победата на Италија.

Столе беше во елемент, одбрани неколку зицери и пенал, но сепак Италија победи со 5:2. Киеза блескаше со два гола.

Македонија започна со висок пресинг, на домашните им требаше време да се “наместат“ што се вели, а Елмас во 6.минута беше во продор, се обиде да шутира од оддлево но беше блокиран, ни на крај памет не ни беше дека токму тоа ќе биде наша единствена акција во првиот дел.

И од тогаш Италија почна да не “меле“, како увертира Распадори во 12.минита постигна гол, но истиот беше поништен поради офсајд. Пет минути подоцна, во таа 17. минута по нафрлената топка на Распадори, Дармијан остана сам на задната статива и со шут со глава носи водство на Италикја од 1:0.

Во 20.минута Милевски ја менува формацијата од 3-5-2 на 4-3-3 и тактички беше уште полошо. Не можевме ниту акција да направиме, Италија доминираше на теренот, во средниот ред. Во 30.минута Киеза беше во шанса, но за среќа Манев блокираше. Неколку мигови подоцна Димарко со полуволеј се закани, но топката отиде над гол.

СТОЛЕ МУ БРАНИ ПЕНАЛ НА ЖОРЖИЊО, КИЕЗА ВРАТИ СО ДВА ГОЛА

Во 38.минута по една нафрлена топка Серафимов играше со рака, и тоа за германскиот судија Феликс Цваер беше пенал. Го изведе Жоржињо, но Димитриевск со фантастична одбрана му го брани ударот. И место да ја исфрлиме топката на домашната половинам, речиси две минути таа беша на нашата, а Киеза со удар од 18 метри зголемува на 2:0. И тоа не беше се, повторно Киеза од лево, шутира, топката се одби од Манев и заврши зад мрежата на Столе за 3:0.

Резултат со кој се замина на пауза.

Нема што, катастрофално прво полувреме.

ГОООООЛ – АТАНАСОВ СО ДЕБИ ГОЛ ГО “ТРЕСЕ“ ДОНАРУМА

Во второто полувреме тргнавме со тројца нови играчи, во ира влегоа Атанасов, Ашковски и Ристовски. Но првата шанса ја имаа домашните преку Распадори, но Столе брани. Ова беше во 46.минута, И конечно Ашковски во 52.минута го изнуди првиот корнер, по додавањето Алиоски прекрасно центрираше во петерецот на Италија, а таму Атанасов со убав шут со глава го “тресе“ Донарума за 3:1.

Конечно радост за нашата репрезентација и фановите наши на „Олимпико“ во Рим. Ова беше првиот гол на Атанасов за репрезентацијата на Македонија.

Не минаа две минути, кога Италија одново беше во шанса, Бонавентура шутираше од само 2-3 метри, но Столе повторно одбрани.

ГОООООООЛ – АТАНАСОВ ПО ВТОРПАТ…., ОФ, НЕ …РАСПАДОРИ ЗА 4:2

Уф, Македонија намалува на 3:2, во 74.минута, ова е супер, ова е фантастично. Барди му ја подаде топката на Атанасов, а овој шутна од 20 метри, се одби од Ачерби и заврши во мрежата на Донарума за 3:2.

Браво Јани, браво Македонија!

Сега Италија се тресе, и тоа како се тресе.

Но, радоста траеше кратко. Отворена игра од наша страна ја казнија домашните со гол на Распадори за 4:2.

Штета, штета.

Ел Шарави во 90+3. даде гол за крај, за конечни 5:2.


Квалификации за ЕВРО 2024 – 9. коло

ИТАЛИЈА – МАКЕДОНИЈА 5:2 (3:0)

Стадион “Олимпико“ во Рим. Гледачи: 60.000. Судија: Феликс Цваер (Германија). Стрелци: Дармиан 17., Киеза 41., 45+3., Расподори 82., Ел Шарави 90+3. (ИТА), Атанасов 52. (МАК). Ж.Картони: Заниоло (ИТА), Чурлинов, Ашковски, Серафимов (МАК)

ИТАЛИЈА: Донарума, Дармиан, Гати, Ачерби, Димарко, Барела (62. Кристанте), Жоржињо, Бонавентура (62. Фратеси), Киеза (62. Заниоло), Распадори, Берарди (76. Ел Шарави).

Селектор: Лучиано Спалети.

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Манев (46. Ашковски), Серафимов, Муслиу, Димоски, Алиоски, Елези (64. Алими), Адеми (46. Атанасов), Барди, Елмас (72. Чурлинов), Миовски (46. Ристовски).

Селектор: Благоја Милевски.

ПретходноПресврт во најава: Перез му понудил нов двегодишен договор на Анчелоти
СледноДанска обезбеди место на ЕП 2024, Словенија и Чешка ќе почекаат до понеделник (ВИДЕО)