Српскиот фудбалер Лука Јовиќ пристигна во Милан ова лето за да се „реситира“ по една година помината во Фиорентина, но работите повторно не одат како што треба. Повредите го исфрлија од колосек, не игра добро (само седм меча или поточно 223 минути и без ефект), па на големо се шпекулира дека тој ќе ја менува средината во јануарскиот преоден рок.
Јовиќ не се снајде ни во Реал Мадрид каде што помина три години каде што повеќе уназади отколку да направи чекор напред во кариерата. Според информациите од Италија, за Лука Јовиќ се интересира Локомотива од Москва.
Тука Јовиќ би имал голема минуитажа, меѓутоа проблем е што тој, кога веќе испадна од репрезентацијата на Србија, нема да игра и во УЕФА натпреварувањата бидејќи и понатаму Европската куќа им изрече забрана на руските клубови. Па така е принуден да игра само во руската Премиер лига.