Требаше да биде мега – спектакл, а може да се случи да биде големо фијаско. Долго најавуваниот викенд во Формула 1 на патеката во Лас Вегас започна неславно.
Во Ферари се гневни, едноставно полудеа по тоа што им се случи со болидот на Карлос Саинц. Имено при првиот тренинг болидот е оштетен и тоа од една шахта на патеката.
Навистина ова е невидена бламажа за организаторот.
„Болидот е во целост оштетен, моторот, батеријата. Тоа не неприфатливо, тоа ќе не чини богатство. Нема да учествуваме на вториот тренинг, тоа е сигурно“ велат од Ферари.
ФОТО: F1 twitter
#BREAKING: Loose manhole hits Formula cars on Las Vegas Strip during the Las Vegas Grand Prix.
It caused significant damage to the cars and prompted the suspension of the session.#lasvegasgp #LasVegasGrandPrix #FormulaOne #Formule1 #F1 #f1lasvegas
— NewsAlerts Global (@NewsAlertsG) November 17, 2023