Нестор скрши рака: Пред ТВ ќе навивам за нова сензација!

562

СпортСпорт во Рим, Игор Ивановски

Илија Несторовски е еден нашите фудбалери кои оставија белег во шампионатот на Серија А играјќи со преголем успех во Палермо каде беше и капитен, до лани го носеше дресот на Удинезе, а еве сега е член на Асколи во Серија Б.

Тој не се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски за дуелите со Украина и Ерменија во октомври а го нема и сега за денешната пресметка со Италија и последната во овој циклус со Англија во понеделник во Скопје.

Се повредив пред неколку дена, незгоден пад на лактот и две скрпшеници на мали коски на зглобот. Во гипс сум…“, ни изјави Илија Несторовски за „СпортСпорт“ на денот на мечот со Италија кој почнува за неколку часа тука во Рим.

Имав купено билети, планирав да дојдам но ете се повредив. Со фамилијата сум во Удине и од тука покрај ТВ екраните ќе навиваме за нашата земја, за нашата репрезентација…“, коментира докажаниот голгетер кој со доаѓањето на Благоја Милевски како да беше ставен во втор план, имаше и повреди, имаше и мала минутажа.

Кога не играв добивав повици, сега кога играм ме нема…“, кусо додава Нестор гол човекот кој ја има тресено мрежата на Италија на дуелот со оваа селекција на кој одигравме најдобро а единствен пат и загубивме.

Тоа беше она феноменална скопска драма кога водевме со 2:1 па загубивме со 2:3 во финишот.

Жал ми е што нема да игра Трајковски. Но ете тоа е фудбал. Барем да имаше шанса за хет-трик и три сензации во Италија. Неговите голови ни донесоа големи 1:1 во Торино и онаа историја од Палермо 0:1. Посакувам да имаме вечерва нов Трајковски, нов гол и нова историја. Да навиваме сите за Македонија.“, најавива Нестор од Удинезе кој со гипс на раката и пред ТВ екраните ќе ги бодри своите репрезентативни другари.

ПретходноМинус десет бодови е ништо во споредба со тоа што ги чека Сити и Челзи
СледноИ Милан го откачи Јовиќ, Србинот ќе прави трансфер во Русија