Наскоро во главниот град на Хрватска треба да пристигне огромна финансиска инјекција за најтрофејниот хрватски фудбалски клуб, Динамо (З).
Според информациите на локалните медиуми, една од водечките нафтени компании во светот, руски Лукоил, сака во наредниот период да стане спонзор на Динамо.
„Финансиски, руската понуда е многу интересна, но има и други околности. Во моментов се разгледува понудата. Има плус, но има и минуси“, вели извор од редовите на „модрите“.