Ете затоа С. Арабија ќе биде домаќин на СП во 2034 година. Значи се е во парите, а во С. Арабија нив ги има и премногу. Имено наскоро оваа земја, односно фирмата „Арамко“ што е во “државна“ сопственост и важи за една од најмоќните во светот, има намера да биде главен спонзор на ФИФА. Како што овјавуваат светските медиуми, се спрема договор вреден 800 милиони долари на 10 години, или по 80 милиони долари по година.
Американците пишуваат дека преговорите биле во завршна фаза и дека и можно со овој договор моќните челници на С. Арабија да ја “заземат“ и ФИФА како спортска организација.