Удар за Евертон – казнет со 10 бодови поради што падна во зоната за испаѓање!

1000

Истрагата заврши, донесена е одлука. На Евертон му е изречена казна од 10 поени по сослушувањето на независна комисија за наводно прекршување на финансиските правила и правилата за одржливост на Премиер лигата. Казната стапува на сила веднаш, па „карамелите“ засега се во зоната за испаѓање. Се очекува да има жалба, а клубот објави официјален став.

Од клубот сметаат дека Комисијата изрече целосно непропорционална и неправедна спортска санкција. Клубот веќе ја објави својата намера да се жали на одлуката во Премиер лигата. Сега ќе започне жалбениот процес, а случајот на клубот ќе биде сослушан од Апелациониот одбор назначен во согласност со правилата на Премиер лигата во догледно време.

Евертон останува на ставот дека бил отворен и транспарентен во информациите што ги доставил до Премиер лигата и дека секогаш го почитувал интегритетот на процесот.

Тежината на санкциите наметнати од Комисијата не е ниту праведен, ниту разумен одраз на презентираните докази“.

Евертон моментално е на 14 бода во Премиер лигата, а по оваа казна ќе се израмни со последнопласираниот Барнли кој има 4 бода на своето конто.

ПретходноОва е стартниот состав со кој Македонија вечерва ќе истрча на “Олимпико“!
Следно„Фалангата“ во Рим