„СпортСпорт“ од Рим, Игор Ивановски
Македонската репрезентација вечерва на „Олимпико“ нема да биде сама. Ќе има наши навивачи кои пристигнаа во главниот град на Италија и се спремаат да остават белег на „Олимпико“ и да ги поддржат нашите фудбалери во дуелот со силната Италија.
Навивачите од сите краеви на Италија, но и од соседните држави на Италија кои се на привремена работа се собраа во центарот на Рим, на шпанските скали, на Фонтана Треви и Колосеумот. Неофицијално на трибините ќе има околу 1000 наши фанови.