АБА 2: Пелистер во последните 90 секунди до победа над ТФТ

83

Кошаркарите на Пелистер го добија македонското дерби во рамките на 4. коло од АБА 2 лигата на турнирот во Златибор, победувајќи го скопски ТФТ со 83:79. Бевме сведоци на до самиот крај неизвесна борба за победата, но се чии пресуди мирната рака на кошаркарите на Пелистер во завршницата, која на крајот им донесе втор успех сезонава, нанесувајќи му го третиот пораз на ТФТ.

Тимот од Тафталиџе одлично го отвори мечот и ја доби првата четвртина со пет поени разлика (16:21). Сепак, вториот дел им припадна комплетно на „зелените“ кои на „крилата“ на Бернар успеаја комплетно да го преземат водството во мечот.

На стартот на второто полувреме, битолчани по само две минути со поените на Костовски дојдоа и до високи +10 (44:34), кои потоа излезе дека не се гаранција за успех. ТФТ со пожртвувана игра се врати до крајот на третиот период дури и успеа да воведе (52:53), но на кус одмор се замина во егал – 59:59.

Во последниот период до самиот крај беше нерешено, за во последните минути со подобро изведување „пенали“ Пелистер да ја обезбеди предноста потребна за победа.

Бернар со 13 и Костоски со 11 поени беа најдобри поентери кај Пелистер, додека Ташовски со 21 поен освен што беше најдобар кај ТФТ беше и најефикасен на мечот.

фото: Драгана Стјепановиќ (АБА)

ПретходноВардар 1961 лесно до победа над Прилеп
СледноРуска нафтена компанија влегува во Динамо Загреб