Вториот тенисер на светот Карлос Алкарас по 79 минути игра го совлада Данил Медведев со 6-4 и 6-4 и го освои првото место во групата 1 што значи дека во полуфиналето во сабота ќе игра против Новак Ѓоковиќ.
На Шпанецот тоа му е трета победа во пет дуели против Медведев, а со ова му се реваншира за поразот во полуфиналето на УС Опен.
A за тоа кој ќе му биде противник на Јаник Синер во другото полуфинале ќе се знае вечерва по дуелот меѓу Зверев и Рублев.