Благоја Милевски по „петардата“: Не сум задоволен…!

2968

Нов дебакл и „петарда“ во мрежата за нашиот тим во овој квалификациски циклус кој за нас заврши уште по поразот од Украина дома но барем можевме подостоинствено да се справиме до крајот на натпреварите.

Италија вечерва слави со 5:2 во меч на кој нашиот национален тим потфрли, одигра под очекувањата, прими многу голови… Селекторот Благоја Милевски на прес конференцијата по дуелот на „Олимпико“ даде своја анализа:

Кога ќе примиш 4 гола од вкупно 5 после прекин значи дека не си фокусиран во натпреварот. Тоа беше главниот проблем. Стартот и првиот дел не беше како треба а по измените се вративме во игра, се отворивме но не израмнивме. Во целост не сум задоволен, посебно во првото полувреме и од резултатот“.

Околу замената на Елиф Елмас:

Елиф Елмас побара сам измена, не се чувствуваше физички спремен да го доврши мечот“.

ПретходноСпалети: Моја слаба точка е Елмас, тој беше најдобар кај вас!
СледноАнглија со рутинска победа над Малта доаѓа во Скопје (ВИДЕО)