Европски шампион Игор Стефановски Иџе, кој по третпат стана Европски првак во автомобилизам, денеска го претстави пехарот и пред македонсата јавност во Агенцијата за млади и спорт.
„Вистинско задоволство е да се биде на чело на највисокото тело за спорт во државава кога може да се пофалиме пред Европа дека токму нашиот претставник е Европскиот шампион во автомобилизам. Титулата која Иџе ја освојува веќе третпат по ред, ја обрврзува Агенцијата за млади и спорт и понатаму да нуди целосна поддршка“, изјави директорот на АМС, Наумче Мојсоски.
Иџе за идната сезона најави настап на првенството на ридски патеки, но со цел да ги урне сите рекорди во генерален пласман, додека пак настапот на кружни патеки е опција која зависи од буџетот со кој ќе располага тимот.