Муамед Сејдини: Ретко кој може да се пофали со позитивен биланс со Италија како ние!

274

Вечерва на “Олимпико“ во Рим, во меч од квалификациите за ЕВРО 2024, Македонија ќе и гостува на Италија. Ова ќе биде трето наше гостување на оваа селекција, досега немаме пораз.

Во пресрет на вечерашниот спектакл во Рим, на својот ФБ профил се обрати и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини:

Овие квалификации за пласман на континенталниот самит потврдија дека фудбалот, навистина е играта која буди најмногу емоции. Одигравме одлични натпревари против силни претставници во групата. Во период од 18 месеци ова е трет дуел против актуелниот европски првак.И ретко кој може да се пофали со позитивен биланс со Италија како што можеме ние. Но ова не беше доволно за пласман на првите две позиции. Успехот не се постигнува преку ноќ, се создава нова генерација која има многу амбиции и самодоверба за големи резултати во иднина. За мене сега ова е врвен приоритет, да помогнеме заедно да ги постигнеме целите и да им дадеме крилја на младите момци од секој аспект за да можат да не израдуваат со нивните успеси сите заедно“

ПретходноВинициус: Не знам колку ќе паузирам, допрва ќе правиме тестови! (ВИДЕО)
СледноХерој на денот: Кралот може само да му се заблагодари, Јаник Синер покажа дека е спортски великан!