Руска нафтена компанија влегува во Динамо Загреб

351

Наскоро во главниот град на Хрватска треба да пристигне огромна финансиска инјекција за најтрофејниот хрватски фудбалски клуб, Динамо (З).

Според информациите на локалните медиуми, една од водечките нафтени компании во светот, руски Лукоил, сака во наредниот период да стане спонзор на Динамо.

„Финансиски, руската понуда е многу интересна, но има и други околности. Во моментов се разгледува понудата. Има плус, но има и минуси“, вели извор од редовите на „модрите“.

ПретходноАБА 2: Пелистер во последните 90 секунди до победа над ТФТ
СледноАлбанија и официјално се пласира на ЕВРО 2024! (ВИДЕО)