Лоши вести за Барселона. Марк Андре тер Штеген мораше да го напушти германскиот репрезентативен камп и во следните неколку часа ќе се врати во Барселона, како што најави Јулијан Нагелсман.
Германскиот селектор изјави дека голманот има проблеми со грбот и допрва ќе треба да се види каква е повредата, откако ќе е направат тестовите од лекарските служби на клубот.
Тер Штеген нема да ги одигра двата натпревари за Германија.