Спалети: Моја слаба точка е Елмас, тој беше најдобар кај вас!

4023

Селекторот на Италија, Лучиано Спалети секако дека мора да биде задоволен од тие 5:2. И не само поради убедливата победа, туку и поради фактот дека се освоени големи три бода во битката за директен пласман на ЕВРО 2024.

По мечот со Македонија, тој вечерва покрај другото на пресот истакна:

За мене најдобриот дел од натпреварот беше второто полувреме, не првото… Имаше некој тип на аларм, сепак не им дозволивме да направат некои работи, бевме внимателни и ја вративме предноста. Италија победи тежок натпревар а Жоржињо ќе го шутира и следниот пенал. Мислев дека по вториот гол на Македонија ќе следи нов наш пад во играта но психички бевме јаки и се вративме многу брзо”

Инаку Спалети се осврна на играта на дел од нашите играчи, а не го заборави Елиф Елмас, неговиот фудбалер од времето на Наполи.

“Моја слаба точка е Елмас, тој вечерва беше најдобар кај вас. И Барди покажа многу, но Елмас е мојот омилен играч“ заврши Спалети.

ПретходноНишто не е како што треба, одиме назад наместо напред!
СледноБлагоја Милевски по „петардата“: Не сум задоволен…!