Тиквеш убедлив против Куманово

53

Ракометарите на Тиквеш со убедливи 37-21 против Куманово ја остварија и десеттата победа во Суперлигата. Вечерва на домашен терен, кавадарчани немаа достоен ривал во гостите од Куманово.

Најдобар стрелец кај Тиквеш беше Ани Обина со осум гола, а Мајиќ, Коцев, Лазов и Атанасовски погодија по четири пати. Кај Куманово, Уча Гамзардија и Дарио Симоноски дадоа по четири гола.

ПретходноДармијан по само 17 минути ја носи Италија во водство (ВИДЕО)
СледноСе повреди Тер Штеген, се враќа веднаш на прегледи во Барселона