Три англиски клубови ќе бараат отштета од Евертон во висина од 300 мил.фунти

887

Казната на Евертон поради прекршување на финансиските правила е на пат да го протресе англискиот фудбал. Евертон е казнет со одземање на 10 бодови и сега е на последното место на табелата, после истрагата која ја спроведе финансиска комисија на Премиер лигата.

Ако се суди по овој критериум, следни на удар треба да бидат Манчестер Сити и Челзи кои се со посериозни финансиски нарушувања и би требало да бидат преселени во понизок ранг.

Но тоа не е се, англиските медиуми пренесуваат дека Барнли, Лидс и Лестер имаат намера да го дадат Евертон на суд откако клубот од „Гудисон парк“ беше прогласен за виновен.

Трите клубови ќе бараат отштета од 300 милиони фунти поради неиспаѓањето на Евертон минатата сезона, а е виновен за непочитување на правилата.

Минатата сезона, Евертон избегна преселба во Чемпионшип во последното коло, додека Лидс и Лестер паднаа ранг подоле. Барнли се врати назад но тие веруваат дека Евертон ги има прекршувано финансиските правила и во сезоната 2021/22 кога клубот на Чурлинов испадна од Премиер лигата.

Минатиот месец, овие три клуба заеднички испратија писмо до Премиер лигата со тоа што им соопштија дека планираат да го дадат Евертон на суд доколку „сините“ од Ливерпул бидат прогласени за виновни.

 

ПретходноКога си лош во проценување (видео)
СледноОфицијални состави: Македонија со Адеми, Елмас, Миовски…стартер е и Димоски!