Баерн почна преговори со Дејвис за нов договор

124

Германскиот шампион Баерн Минхен започна преговори со агентот на својот фудбалер Алфонсо Дејвис. Разговорите се однесуваат на обновување на неговиот договор. Ова го потврди спортскиот директор на Баварците, Кростофер Фројнд, кој изјави дека клубот сака да ја задржи канадската ѕвезда, која веќе е мета на дел од англиските гиганти.

„Веќе разговарав со агентот на Фонзи. Реал Мадрид во моментов не го интересира. Разговарав со претставникот на играчот за нашите генерални планови во Баерн“, изјави директорот на клубот.

Реал Мадрид планира да го ангажира Алфонсо Дејвис следното лето, но очигледно Баерн не мисли да се откаже од својот првотимец.

ПретходноЈокиќ одигра уште уникатен меч во НБА-лига (ВИДЕО)
СледноГрешките се фатални, поразите катастрофални!