Грешките се фатални, поразите катастрофални!

1090

СпортСпорт во Рим,
Игор Д. Ивановски

Во денешно време за кус временски интервал да се загуби со 7:0, па со 5:2 е се, само не е правилна насока, добра игра – иднина! Македонската фудбалска репрезентација одамна беше неконкурентна во групата за водечките две позиции на табелата, одамна се загубија шансите иако рака на срце ова беше пеколна група со прејаки ривали. Англија, па еве и Италија во циклус кој за нас е фатален, со многу грешки, многу евтини голови…

Подмладуваме! Тоа е ставот на Благоја Милевски во последниве неколку месеци, но што и со кого подмладуваме ако се знае, а ние и веќе не памтиме кога последен пат играч од младите селекции е повикан кај сениорите.

Токму тука е грешката со тоа „подмладување“ кое се форсира а кое не смее и никаде го нема кога зборуваме за национален тим, репрезентација – држава. Има само резултат, успех и настап на најдобрите. Кај нас нас има и друг феномен. Играат играчи кои со месеци немаат клубови и никому ништо. Само кај нас е тоа така и сигурно барем во Европа нема втор ваков случај. И после ни се случлуваше „седмици“ – “петарди“, пресврти…

Во фудбалот за да се обеди се игра со најдобрите, најспремните – трето нема! Не постојат трети опции, дефиниции, алиби, приказни. Се бројат натпревари и бодови а на крајот и пласманот на табелата е доказ за сработеното. Македонија и Благоја Милевски во овие квалификации се далеку под просекот со „еден“ вистински бод оној со Италија во Скопје и толку. Малта не се брои затоа што сите по двапати ја победија.
Од конкурентна селекција, од селекција која играше ЕП, која играше бараж за СП до селекција која сега е далеку од тоа ниво. Премногу експериментираме, премногу лесно се откажуваме од некои играчи со минат труд. Не се само Алиоски и Ашковски кои немаат клубови, а имаат историја. И други заслужиле ваков третман, а посебно во одбраната која е „швајцарфско“ сирење и тоа кога Македонија во Столе Димитриевски го има најдобриот голман на сите времиња меѓу диреците.

Се знае кога е време за експерименти – на пријателски натпревари, на тренинзи а не на натпревари.

Италија синоќа не прегази, дојде до 5:2, а ние што научивме. Грешките се повторуваат, исто и дебаклите – се губиме додека оние сличните на нас веќе слават пласмани на ЕП, се радуваат и горди се затоа што ја постигнале целта – правилно работеле и анализирале.

А ние што!? Кај нас проблемот не е од вчера, но никој не го гледа. Кај нас „вирусот“ од неуспеси кој се случува со години во младинските селекции сега го фати и сениорскиот состав. Тоа е природен процес. Кога младите селекции цветаа по некоја година процвета и сениорскиот тим. Ништо не е случајно и од денеска за утре. Треба да се работи правилно и да се даде шанса на најдобрите! Мноу е проста и едноставна формулата за успех. Таа веќе ја знаеме но зошто не ја повторуваме!?

Сега почнуваме од „нула“, следи Англија во Скопје во меч за аплаузи и ужување а потоа период на подготовка за новите предизвици а до тогаш елита и ЕП ќе си гледаме на телевизија.

Одиме во надолна линија…

ПретходноБаерн почна преговори со Дејвис за нов договор
СледноНБА излезе со листа: Јокиќ и Дончиќ се први фаворити за МВП на сезоната!