Италија со Спалети се претвори во напаѓачка машина: 13 гола на 5 меча и 9 различни стрелци

125

Италија над Македонија со 5:2 во претпоследното коло во квалификациите за ЕП си ја отвори вратата за пласман на завршниот турнир, но работата не е готова затоа следува завршниот момент – мечот со Украина во Леверкузен. Тоа е дуелот да се биде или не, моментот на вистината. Во директна пресметка кој ќе го освои второто место и ќе се пласира на ЕП во Германија.

Репрезентацијата на Италија многу се подобри под раководство на Лучано Спалети. Последен пат Италија пет гола на еден меч постигнала против Литванија во победата од 5:0 на „Реџо Емилија“ во септември 2021 година.

На мечот со Македонија, Италијанците беа доминантни шутираа 19 пати дури 11 удари завршија во рамките на голот, од кои пет во мрежата.

Спалети дојде на местото на Манчини, а дебитираше во ремито со Македонија во Скопје 1:1. Од тогаш има три победи и еден пораз. Што е поважно напаѓачкиот ред е многу подобрен. На пет меча се постигнати вкупно 13 голови од пет различни стрелци.

Најмногу, три постигна Давиде Фратези, по два имаат Доменико Берарди и Федерико Киеза. По еднаш стрелаа Имобиле, Бонавентура, Скамака, Дармијан, Распадори и Ел Шарави.

Спалети е познат по офанзивната формација. Така беше додека го водеше Наполи. Под негово водство тимот играше атрактивно и ефикасно, а круната беше титулата во Серија А.

Сега слично игра и Италија.

ПретходноМЗТ Скопје го совлада Борац за трета победа во АБА 2
СледноФудбалерите се враќаат во Скопје: Италија е минато, во мислите е само Англија!