Качевски означи почеток на мечот, а потоа се случи ова…! (ВИДЕО)

8946

Македонска судиска четорка, на чело со главниот судија Јован Качевски, беше директен сведок на најневеројатната минута молчење во светот на фудбалот. Имено на вчерашнот меч меѓу У-21 селекциите на Полска и Израел, кој се играше во Лоџ, беше побарано една минута молчење во знак на изралските жртви во војната во Газа. УЕФА тоа не го дозволи, па така Качевски мораше мечот да го почне без таа минута молчење.

Но се случи чудо, само што беше изведен почетниот удар сите 22 играчи на двете репрезентации застанаа и самоиницијативно си направија минута молчење. Откако заврши тоа мечот продолжи.

Ова видео вчера и денеска го обиколи фудбалскиот свет.

Да кажеме дека на овој меч помошници на Качевски беа Даниел Василевски, Бранко Путилин и Александар Грујоски.

Инаку мечот заврши со победа на Полска од 2:1.

ПретходноПелистер со серија од 13-0 го реши Вардар Неготино
СледноЈунајтед ја одреди цената за Санчо, само еден тим може да ја плати!