Леклер најбрз во квалификациите во Лас Вегас

68

Шарл Леклер и Карлос Сајнц од Ферари имаа одлични настапи во квалификациите за Гран При на Лас Вегас. Леклер петти пат сезонава ќе стартува од пол-позицијата и општо 23-ти пат во кариерата откако триумфираше на патеката во „Градот на гревот“.

Леклер постигна време од 1:32.726 и за 0,044 секиунди беше побрз од клупскиот колега Сајнц кој заврши втор. Но Сајнц нема да стартува втор поради казната од 10 места која ја доби по вчерашниот прв тренинг и „удар“ во шахта.

Па така на неговото место ќе застане шампионот Макс Верстапен кој со 0,378 секунди беше побавен од Леклер. Од вториот ред ќе стартуваат Џорџ Расел и Пјер Гасли, а од третиот колегите од Вилијамс, Алекс Албон и Логан Сарџент. Ботас, Магнусен и Алонсо ќе стартуваат седми, осми и деветти по казната на Сајнц кој ќе тргне од 12-тата позиција.

Хамилтон и Перез беа елиминирани по втората фаза од квалификациите. Британецот ќе стартува од 10 позиција, а Перез едно место подоле.

ПретходноСилвињо во транс по пласманот на Албанија на ЕП: Чест ми е што сум селектор на оваа репрезентација
СледноМарсело: Роналдо ме викна во Ал Наср, но ги одбрав своите корени