Мартин победник на спринтот во Катар!

69

Возачот на Прамак Дукати Хорхе Мартин беше најбрз на спринтот во “кралската класа“ во Мото ГП на патеката „Лусаил“ во Катар. Со оваа победа тој ја намали разликата во однос на Пеко Бањаја па така трката за титулата уште повеќе се вжешти, сега Бањаја има само 7 бода предност пред Мартин.

Втор беше Фабио ди Џанантонио, а трет Лука Марини. Бањаја денеска беше дури петти.

Трката за ГН на Катар на “Лусаил“ ќе се одржи утре со почеток од 18 часот, претпоследна во календарот.

ПретходноОхрид со убедлив триумф во Битола!
СледноГазење: Мбапе и другарите на полувреме водат со 7:0 против Гибралтар! (ВИДЕО)